Започна 44. издание на Џез фестивалот
                    Во Македонската опера и балет, со настап на реномираниот полски пијанист Анджеј Јагоџински и неговото трио, познато по џез интерпретациите на Шопен, стартуваше 44....                
            Вечерва се затвора 48. издание на манифестацијата „Денови на македонска музика“
                    Со концертот „100 години од раѓањето на Властимир Николовски и Кирил Македонски“ вечерва во 20 часот во Македонската филхармонија свечено ќе биде затворено 48....                
            „ЛЕТАЈ ГАЛЕБЕ“ – ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА КИРЕ КОСТОВ
                    
Во среда, 15 октомври во 19 часот, во кафе „Литература“ во Дајмонд Мол, ќе се одржи 
промоцијата на монографијата „Летај Галебе“, посветена на маестро Кире Костов –еден од најзначајните македонски композитори, аранжери и диригенти.
Настанот претставува омаж на неговото животно и уметничко дело, чиј опус остави 
неизбришлив белег во современата македонска музика. 
Автори на монографијата се Снежана Анастасова Чадиковска – истакната македонска 
пијанистка, пијано педагог, музички публицист и организатор, и Марко Коловски – иден музиколог, публицист, новинар и општественик.
Визуелниот идентитет го креираше Методија Ачевски, а изданието е реализирано во 
печатницата „Бранко Гапо“.
Монографијата „Кире Костов“ ги осветлува животниот пат и грандиозното дело на 
маестро Костов – низ фотографии, сведоштва и архивски материјали што сведочат за 
неговиот влог во македонската култура. 
Промотор на делото е проф. д-р Александар Трајковски – музички теоретичар, истражувач, 
педагог и публицист, а модератор на промоцијата ќе биде Живкица Каленикова.
На настанот ќе зборува и Кармен Костова, академски музичар и пијано педагог, сопруга на 
Кире Костов, која е иницијатор на проектот. 
-Монографијата ја создадовме со многу љубов и почит. Кире беше човек што 
целосно ѝ се предаваше на музиката и на луѓето околу него. Со оваа книга сакавме 
да му возвратиме со иста љубов – да покажеме колку ни недостига, но и колку многу 
ни остави. Секој ред, секоја фотографија и секое сведоштво носат дел од неговата 
енергија, која и понатаму нè инспирира. – изјави Кармен Костова. 
На промоцијата се очекува присуство на бројни уметници, пријатели и соработници на 
маестро Костов, кои ќе му оддадат почит на човекот чие творештво е белег на македонската музика и време. 
Промоцијата е и најава за претстојниот гала- концерт „Летај Галебе“, што ќе се одржи на 11 ноември во Националната опера и балет, во режија на Дејан Пројковски.
Концертот ќе обедини голем број македонски музичари и соработници на Кире Костов, 
кои со изведби во живо ќе му оддадат почит на неговото дело. 
 
                
            Револтираните учебници си заминаа
                    
Извадок од новата книга за деца на Татјана Гогоска – „Магичниот круг на детството“
 	„Магичниот круг на детството“ е илустрирана книга за најмладите читатели...                
            Репортажа за Хелсинки-град на спокојот и белината
                    Репортажа на -  М-р. Татјана Гогоска
Ако имате можност да го посетите Хелсинки, она што ќе го имате за време на целиот престој во овој...                
            Гордан Спасовски, најдобар наш џез музичар за 2024 година
                    Во „Аудиокултура“ во Скопје, вечерва од 19 часот, ќе се промовира албумот „По пожарот“ (After the Wildfire), што норвешките музичари Јан Бенг и Арве...                
            КОНЦЕРТ НА ОРКЕСТАРОТ НА МУЗИЧКА МЛАДИНА
                    На 13 октомври, од 20 часот, во камерната сала на Филхармонија концерт ќе одржи Оркестарот на музичката младина на Македонија.
Диригент е Ангел Спироски, а...                
            МКЦ – „Здраво млади 15“
                    Во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје денес и утре (10 и 11 октомври) ќе се одвива 15. издание на фестивалот „Здраво млади“.
Првата вечер...                
            Алабаковски повторно на сцена
                    Утре, во „Јавна соба“ по цели 10 години отсуство од сцената, Ламбе Алабаковски повторно ќе настапи пред скопската публика.
„Конечно, по десет години на некој...                
            НАЦИОНАЛНА ОПЕРА И БАЛЕТ – „Зорба Гркот“ повторно во Скопје
                    Вчера, во Националната опера и балет во Скопје, беше одржан концерт по повод 100 години од раѓањето на Микис Теодоракис – еден од најголемите...                
             
            