Македонскиот продуцент Матеј Џајковски (BigSlav) е номиниран за најпрестижната музичка награда Греми
Aлбумот на групата FLO „Access All Areas“ на кој работеше македонскиот музички продуцент Матеј Џајковски, познат како BigSlav, е номиниран за престижната музичка награда...
„ЛЕТАЈ ГАЛЕБЕ“ – ПРОМОЦИЈА НА МОНОГРАФИЈА ЗА КИРЕ КОСТОВ
Во среда, 15 октомври во 19 часот, во кафе „Литература“ во Дајмонд Мол, ќе се одржи
промоцијата на монографијата „Летај Галебе“, посветена на маестро Кире Костов –еден од најзначајните македонски композитори, аранжери и диригенти.
Настанот претставува омаж на неговото животно и уметничко дело, чиј опус остави
неизбришлив белег во современата македонска музика.
Автори на монографијата се Снежана Анастасова Чадиковска – истакната македонска
пијанистка, пијано педагог, музички публицист и организатор, и Марко Коловски – иден музиколог, публицист, новинар и општественик.
Визуелниот идентитет го креираше Методија Ачевски, а изданието е реализирано во
печатницата „Бранко Гапо“.
Монографијата „Кире Костов“ ги осветлува животниот пат и грандиозното дело на
маестро Костов – низ фотографии, сведоштва и архивски материјали што сведочат за
неговиот влог во македонската култура.
Промотор на делото е проф. д-р Александар Трајковски – музички теоретичар, истражувач,
педагог и публицист, а модератор на промоцијата ќе биде Живкица Каленикова.
На настанот ќе зборува и Кармен Костова, академски музичар и пијано педагог, сопруга на
Кире Костов, која е иницијатор на проектот.
-Монографијата ја создадовме со многу љубов и почит. Кире беше човек што
целосно ѝ се предаваше на музиката и на луѓето околу него. Со оваа книга сакавме
да му возвратиме со иста љубов – да покажеме колку ни недостига, но и колку многу
ни остави. Секој ред, секоја фотографија и секое сведоштво носат дел од неговата
енергија, која и понатаму нè инспирира. – изјави Кармен Костова.
На промоцијата се очекува присуство на бројни уметници, пријатели и соработници на
маестро Костов, кои ќе му оддадат почит на човекот чие творештво е белег на македонската музика и време.
Промоцијата е и најава за претстојниот гала- концерт „Летај Галебе“, што ќе се одржи на 11 ноември во Националната опера и балет, во режија на Дејан Пројковски.
Концертот ќе обедини голем број македонски музичари и соработници на Кире Костов,
кои со изведби во живо ќе му оддадат почит на неговото дело.
Објавен новиот албум на Тејлор Свифт
Новиот албум на Тејлор Свифт, „The Life of a Showgirl“, е веќе објавен. Песните се појавија на стриминг услугите точно на полноќ по американско...
“Макфест“, на 25. октомври ќе го прослави својот 40.роденден
Овој октомври, и тоа три вечери, на 23, 24, и на 25. ќе се одржи 40. јубилејно издание на славниот штипски фестивал „Макфест“.40 години...
Нова песна и спот на дуото Дац и Александар – “4 страни“
https://youtu.be/kqFF7ctlGkM
Во сабота , концерт на „Фолтин“ во Прилеп
Во сабота на 6 септември, на летната сцена на ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп, со почеток во 21:30 часот, групата “Фолтин“ ќе одржи концерт...
Концертна промоција на „Маглота“ – Јордан Костов и пријателите
На 18.03.2025 година, во 20:00 часот во големата сала на Македонската филхармонија во Скопје ќе се оддржи светската концертна проомоција на албумот „Маглота“ на...
Јане Славов со нови кавери
Во чест на сите дами, Jане Славов го прославува месецот на жената со нов музички проект
Откако неодамна го започна својот соло пат, Јане веќе...
“Масив атак” на 28 јуни во Скопје!
28 ЈУНИ- СТАДИОН НА АРМ
OPEN AIR
-За нас е денес празник. Голем празник, бидејќи можеме да ви го најавиме следново: Супер - култните Massive Attack...
Концерт на филмска музика на Кирил Џајковски
Концертот e замислен како посебно аудио и визуелно доживување, а ќе се реализира на 6 април 2025 годинаво големата сала на Националната опера и...











































