„Тромбоните не молчат“ – хуманитарен концерт за Филип Стевановски во Штип
Макбрас Асоцијација и Скопскиот Брас Фестивал со особена чест го најавуваат меморијалниот концерт посветен на младиот тромбонист и мултиинструменталист Филип Стевановски, кој трагично го...
Со љубов за Тоше!
На иницијатива на неговиот пријател Стерули Штерјоски, обновена е улицата која во Крушево го носи неговото име
Улицата на Тоше Проески во Крушево повторно заживеа...
IT4Charity: Кога секој чекор значи нов почеток за едно семејство -СОС Детско село
Дваесет и пет компании и 200 љубители на трчањето се обединија минатата сабота и
по петти пат трчаа на хуманитарната трка IT4Charity организирана од СОС Детско
село во Градскиот Парк во Скопје.
И покрај сите предизвици во ИТ секторот и покрај сите итни повици за помош во
општеството и трагедијата во Кочани, ИТ заедницата уште еднаш покажа солидарност и
сенс за потребата од континуираната грижа за најранливите и собра 30.000 евра за
семејствата во социјален ризик.
„ИТ заедницата секогаш била предводник кога станува збор за иновација, прогрес и развој.
Но токму преку поддршката на вакви иницијативи, уште еднаш покажува дека нивната
сила не е само во технологијата — туку и во солидарноста, хуманоста и желбата да се
вложи за повисока цел, да се помогне и да се направи разлика. Затоа сме им неизмерно
благодарни за секоја донација!“, велат од СОС Детско село.
Собраните средства ќе се наменат за програмата за ПРЕВЕНЦИЈА, што се реализира преку
работата на две советувалишта кои на годишно ниво помагаат на најмалку 200 родители и
деца да ги надминат предизвиците и да создадат безбедни средини со љубов за нивните
деца. Програмата се фокусира на три главни области: Позитивно родителство, Зајакнување
на семејството и Превенција на семејно насилство. Годишно се реализираат околу 900
часа групни и индивидуални советувања за подобрување на семејните односи,
родителските вештини за квалитетна грижа на децата, како и животните вештини и
однесувањето на децата, нивните права, но и поддршка и пристап до потребните ресурси
за закрепнување на жртвите на родово базирано и семејно насилство.
„Досега преку оваа програма помогнавме на 1298 семејства во ризик да останат заедно со
своите деца, односно спречивме 3740 деца и млади да бидат разделени од своите
биолошки семејства“, велат од СОС Детско село, додавајќи дека процентот на успешност
на програмата досега, е високи 78% и се надеваат дека тој резултат веќе следната година ќе
биде уште подобар благодарение на овогодинешната поддршка на: SINGULAR, CAP
CARGO, NION, EMBED SOCIAL, IBORN, CASYS, INFINITE SOLUTIONS, LOKA,
DELTATRE, HEY REACH, HORNEТ SECURITY, TARMAC, VASS, VERINT, AXIANS, FOXIT,
KONTRON, METERGRAM, NEXTSENSE, PROXIAD, SIMPHONY DIGITAL, TELESMART,
VECTOR 8, CODEVER и SOLUTIONADE.
Овој проект и партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи оваа
соработка со ИТ компаниите придонесува за стабилност и континуитет на работата на
организацијата, но и дополнителна мотивација да продолжат да создаваат вистински,
опипливи и долгорочни позитивни промени во животите на децата и младите од ранливи
категории.
28 септември – Осветување на храмот „Св. цар Константин и царица Елена“ во Скопје
По повод Осветувањето на велелепниот храм посветен на светите цар Константин и царица Елена – кој се наоѓа во срцето на градот Скопје –...
Семејна комуникација-Слободното време поминувајте го заедно
Пишува М-р по комуникациски науки Татјана Гогоска
Современото семејство се соочува со низа дилеми, проблеми, наметнати ситуации кои понекогш под притисок на се околу не...
Верувале или не – Инспиративна приказна за пекарот од “Титаник“
Додека „Титаник“ полека тонеше во ледените води на Северниот Атлантик, среде паника, вресоци и очај, од длабочините на бродот се појави мирна силуета -...
Цветинова награда за Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков” и за директорката д-р Елена...
На иницијатива на ликовниот уметник и хуманист Живко Поповски Цветин на 12 март 2025 година во просториите на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков"...
Министерот Љутков го посети манастирскиот комплекс „Св. Атанасиј“ во Лешок
Март, 2025
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков беше во работна посета на Лешочкиот манастир, најголемиот духовен центар во тетовско каде се сретна со...
Љутков од Будимпешта: Потврдени нови иницијативи за соработка во културата и туризмот меѓу Македонија...
5.03.2025
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, е дел од владината делегација предводена од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, која е во дводневна официјална...
Сусурига 2025- Кривопаланечка традиција на маски и оган
Уникатната манифестација Сусурига 2025, што ја организираат Општина Крива Паланка и Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“, ќе се одржи по вторпат, утре (сабота,...






































