ГЛАМ АКТИВНОСТИ – Нови Вики клубови, настани и обуки

82

Во изминатиов период,  ГЛАМ Македонија имаше повеќе активности во рамки на остварување на Програмата за 2023 година.

На 26 октомври беше отворен нов Вики Клуб во ООУ “Невена Георгиева Дуња” во Скопје, Општина Кисела Вода со ученици од 6-то до деветто одделение. Обуката за да станат Википедијанци ја почнаа 15-тина ученици иако интересот како што рече менторката Маја Трајковиќ, професор по француски јазик и библиотекар во училиштето е голем. Но според договор со раководителот на образовната програма на ГЛАМ Смнежана Штрковска, обучувањето ќе оди постепено за поголем квалитет и подобро пишување на статии за Википедија на македонски јазик.

Фотографии од отварањето на Вики Клубот во О.У. “Н.Г. Дуња“

На 8 ноември беше отворен прв Вики Клуб во источно-северниот регион  и тоа во Гимназијата во Пробиштип.

Учениците од Гимназијата “Наум Наумовски – Борче” во Пробиштип под менторство на професорката Елвира Јакимовска, професор по македонски јазик и литература, формираа Вики клуб со образовна поддршка на Снежана Штрковска, претседател на ГЛАМ Македонија.

“Википедијата на македонски јазик многу често ја користиме и затоа со нетрпение чекавме да станеме дел од ова семејство на Википедијанци” – рече професорката Јакимовска на денешниот почетен час на Вики клубот. Секако формирањето на Вики клубот, доби поддршка од директорката на Гимназијата Снежана Насевска, за која секоја корисна новина за учениците е добредојдена.

Фотографии од Вики Клубот во Пробиштип

Своја активност имаше и  Вики клубот во Охрид со постојаните но и нови членови. Тие во рамки на годинешната определба на УНЕСКО, 2023 година да ја прогласи за година  на Заштита на нематерјалното културно наследство. Овие членови го посетија гајдаџијата од село Белица и после разговорот и дружбата со него се здобија со многу нови информации за нематерјалното културно наследство кои ќе им служат во иднина за создавање на нови статии на Википедија на македонски јазик.

Фотографии од средбата на членовите на Вики Клубот во село Белица

Скопје Обука- На 22-ри ноември беше одржана последната за оваа 2023 година од Обуките што ГЛАМ Македонија ги прави со наставници од училиштата во Македонија. Овој пат во многу креативна и професионална атмосфера , Обуката беше одржана во О:У: “Христијан Тодоровски-Карпош“ во Скопје

За значењето на Википедијата на македонски јазик зборуваше Snezana Strkovska , за начините на oрганизација на децата во рамки на ГЛАМ со акцент на Вики Камповите, наставниците ги запозна Валентина Трајковска а за Медиумската писменост и култура пред наставниците зборуваше М-р Татјана Гогоска. Секако остана заинтересираноста дека токму во ова училиште ќе биде отворен следниот Вики Клуб.
Фотографии од Обуката на Х.Т. Карпош
                   

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.