Иако после минатогодишната најава на Телеком подржана од актуелнава Влада, имаше низа реакции и отпор за воведување на 5G технологијата, сепак вчера јавноста беше бонбардирана од информацијата дека е направено пробно пуштање на оваа за многумина низ светот: „убиствена“ технологија за живиот свет.
Во меѓувреме Словенија, Белгија и Норвешка го забранија поставувањето на оваа технологија па така информациите во време на светската пандемија и опасност на епидемиолошки вирус Ковид-19, од кои веќе има над 20.000 мртви, за пуштање на пробен експеримент и најава за покриеност на целата територија на Македонија е повеќе од застрашувачки.
Информациите од најпогодените реони во светот од светската епидемија на смртоносниот вирус покажуваат дека токму најпокриени со 5 технологија се Италија посебно делот на Ломбардија-Бергамо, каде е најприсутен вирусот со најмногу жртви а првата технологија од ваков вид, високо ризична е пуштена во градот Вухан во Кина кој е епицентарот на ширење на вирусот Ковид-19.
Уште една информација, минатата година во САД и Германија (верувам и во другите земји кои ја прифатија оваа технологија ) во продажба се заштитни уреди за домови и канцеларии и заштитини алки за луѓето. Дали некој кај нас знае нешто за тоа?
И во воздухот се многу неодговорени прашања од кое најважното е : 5G технологијата е Светски проект донесен со единствена цел -која? Дали светските моќници си играат Богови со луѓето?
Единствената и најголема сила е народот. Само тој треба да се организира и да го победи технолошкото зло кое сериозно се заканува на опстанокот на живиот свет во сите форми.
М-р Татјана Гогоска-уредник