“Мазал Тов“/ „Среќно“- е насловот на уникатнта изложба за Еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни

66
Во Мемориајлниот центар на  Холкаустот на Евреите од Македонија, деновиве беше отворена  изложбата „Мазал Тов“ – Еврејските свадби во Македонија меѓу двете светски војни низ фотографии, документи и предмети.
Изложбата содржи 14 изложбени паноа на кои се презентирани фотографии од семејни свадбени церемонии на Евреи од Македонија, кои живееле меѓу двете светски војни. Покрај фотографии, изложени се и оригинални документи кои се приказ на спецификите и уникатноста  на свадбената церемонија. Изложен е и еден оригинален експонат „Кетуба“, или Брачен договор, кој е составен дел од свадбената церемонија и заедничкиот живот на младенците и кој предизвика голем интерес кај публиката.
Изложбата ја збогатува и свадбениот ковчег, како и миразот што го подготвува семејството на невстата за да има што да однесе во новиот дом. Дополнителни експонати се старите куфери кои симболично ја прикажуваат прекинатата врска на невестата со родниот дом.
Изложбата „Мазал Тов“, во превод од хебрејски значи- „Среќно“ беше оригинално дополнета со невестинскиот фустан специјално искреиран за  овој проект.
“Скроен и сошиен по старите фотографии, тој претставува мост што ги поврзува  минатото и сегашноста“- вели авторот на излжбата М-р Жаклина Мучева. На овој начин се враќаат спомените на некогашните еврејски невести кои заминаа засекогаш, со последните транспорти до Треблинка. Дизајнот на моделот го изработи проф. д-р Јана Манева Чуповска, визуелен уметник и моден дизајнер. Изработката на моделот е на Гордана Божиновска , а прекрасната венчаница ја носеше м-р Славица Таневска, визуелен уметник- објанси авторот М-р Жаклина Мучева.
Интресен сегмент се и на сефардските поговорки, кои го збогатуваат целосниот визуелен приказ на  традиционалното и културно наследство, претставено на оваа изложба а воедно предизвикуваат и голем  интерес.
Составните елементи на изложбата се сопственост на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и првпат се вадат од депото на Меморијалниот центар. На тој начин публиката ќе има ретка можност да се запознае со артефакти што не биле изложувани досега.
Изложбата ја отвори авторот м-р Жаклина Мучева, која во емотивното обраќање на меѓу дугото рече: “Останале овие ковчези во кои двојките го подготвувале својот чеиз и не го зеле со себе, не веруваќи дека патувањето до логорот Тремблинка, всушност е нивното последно животно патување. Оваа изложба и е еден обид овој Меморијален центар да не се поврзува само со холокаустот на Евреите“.
Во реализација на проектот  учествувале: Лилјана Лазаревска Мешковска, Маја Наноу, Маја Јаневска Илиева, Сашо Андоновски и Дарко Хелман.
Изложбата ќе може да се посети до крај на месец мај и  навистина е единствена можност низ ваков мултимедијален приказ, сето направено со многу љубов, грижа и чувства, минатото да не биде заборавено.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.