Презентирани резултатите од мониторирање на предизборното ветување – “Модернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште” во Општина Аеродром

89

Во просториите на ОУ Александар Македонски во Општина Аеродром, на 11 мај 2023 година, здружението ЗЕОООП ги презентираше резултатите од мониторирањето на реализацијата на предизборното ветување на Градоначалникот на Општина Аеродром – “Модернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште”.

На настанот присутните директори на училиштата од Општината, како и претставниците на стручните служби истакнаа дека треба проактивно да се пристапи кон инклузијата. Училиштата треба да се доведат до состојба за однапред да бидат подготвени да можат да им ги пружат сите потребни услови за образование на децата со посебни потреби кои следат редовна настава.

Инсталирањето и употребата на лифтовите освен за деца со посебни потреби има и додадена вредност, бидејки тие можат да послужат и во функција на наставниот кадар и родителите кои имаат потреба од користење на лифт.

Согласно податоците од мониторингот на изборното ветување општина Ареодром инвестира во изградба на вакви лифтови во училиштата. Пример за тоа е ООУ „Лазо Ангеловски„ каде за инсталацијана на лифт општината има одвоено 4 милиони денари од буџетот, додека пак училиштето „Ѓоргија Пулевски„ има функционален лифт кој е изграден со донации и поддршка од родители и компании. Моментално општината има и подготвен проект за инсталирање на лифт и во училиштето „Александар Македонски„.

 

На настанот беа презентирани и  уметничките ракотворби изработени инклузивно од учениците од ООУ „Александар Македонски„. Тие  во рамки на креативната работилница, организирана во рамките на проектот заеднички ја покажаа својата креативност и со тоа на уште еден начин докажаа дека сите се еднакви.

Повеќе информации околу проектот на здружението ЗЕОООП и мониторингот на изборното ветување можат да се добијат на следниот линк: https://electoralreforms.mk/monitoring-matrix-2022/

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.