“100 години Требениште”-Поставка која вреди да се посети

1249

Археолошкиот музеј на Македонија презентира движно културно наследство, поточно околу 7.000 археолошки предмети откривани со археолошки истражувања на целата територија на Р. Македонија во текот на изминатите 93 години и претставува најзначајна и најстара музејска установа во Македонија. Посетителите може да уживаат во артефактите изложени во одделите за: праисториска археологија, античка археологија, средовековна археологија, нумизматика, антропологија и лапидариум.

Од месец март Изложбениот простор на овој музеј е домаќин на импозантната изложба „100 години Требениште“, која е карактеристична и по ексклузивниот матерјал и по опсегот на предмети што го опфаќа.

Она што е важно е дека со оваа изложба многу нешта се случуваат по првпат во нашата земја, на Балканот па и во Европа. Требениште е прв, ако не и единствен пример на локалитет што е истражуван од три земји, промовиран во светот преку три музеи од трите земји и сега првпат пред светот е претставен како целина.

 

Долгогодишната работа, напор, и соништа се остварија на многумина кои беа дел од овој голем проект. Севкупните резултати се важни за претставување на заедничкото културно богатство и за промовирање на културната соработка на земјите од Западен Балкан, стои во образложението за оваа импозантна изложба која ќе биде  отворена за посетители до 31 август.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.