Ретро медиуми – Безвременската приказна за Пипи долгиот чорап

5746

Пишува Татјана Гогоска

Во рамки на медиумите оние пишаните (литературата), но и театарот а посебно телевизијата и филмот, еден лик како насмеана сенка поминува секогаш низ очите на оние кои растеа со ликот на Пипи долгиот чорап, создаден од Шведската авторка за деца Астрид Линдгрен, која после ова дело за многумина стана една од најомилените а овој роман ѝ донесе светска слава.

малото симпатично девојче со бујни плетенки и многу бемки на лицето – Пипи долгиот чорап

За оние помладите што не ја знаат би ја опишале како, симпатичната и мила девојка Пипи, ќерката Ефраим Лонгстокинг, капетанот на бродот Хоптоад, кој заминува на долга пловидба низ отворено море, а Пипи останува да живее сама во својата куќа во едно мало место, во „вилата Вилекула’’, заедно со својот мајмун Нисон и својот коњ Алфонзо.

 

Пипи е неверојатно интелигентна за својата возраст, има и одлична смисла за хумор, а на нејзиното лице секогаш блеска со полна насмевка. Нејзини најдобри пријатели се нејзините драги соседи – Томи и Аника Шетергрен. Нивната мајка, г-ѓата Шетергрен, условно кажано по малку ја задеваше во поглед на нејзиното образование и тоа што живее со животни. Тие заедно доживуваат многубројни авантури кои речиси секогаш завршуваат на комичен начин, а тие се разбира излегуваат како победници.

 

Еден ден кога татко и на Пипи се враќа во „Вилекула’’ за да ја земе со себе и да ја однесе во нивниот дом на Северниот пол, Пипи одбива да замине со него. Таа решава да остане каде што е и заедно со своите пријатели и домашни миленичиња да се впушти во уште полуди авантури и незаборавни доживувања, кои ги содржи романот.

Екранизацијата на Шведската Телевизија и даде нов живот на Пипи, која влезе во домовите ширум 50-тина земји низ светот. Пипи растеше со сите деца од тоа време. Децата се идентификуваа со неа и уживаа. Улогата ја добила шведската актерка Ингр Нилсон која тогаш имала само осум години. Филмовите и сериите од 1969 и 1970 година се снимени според книгата на Астрид Линдгрен, а подоцна настанал и анимиран филм „Пипи Долгиот Чорап“.

Иако поминале многу години, Ингер Нилсон и денес многумина ја препознаваат, поради карактеристичната насмевка и љубопитниот поглед. Нилсон и подоцна се појавувала во неколку филмови и серии, се појавила и во популарно шведско реално шоу “Kändisdjungeln”, а минатата година снимила и филм “The Here After”. Денес работи како секретарка во една компанија и среќно е мажена.

Топло ја препорачуваме книгата „Пипи долгиот чорап“ а можете делови од серијата и филмот да видите на каналот ју тубе, за да навлезете во едно детство кое ќе ви помогне во позитивната идентификација на растење на вашите најмили.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.