Археолошки истражувања кај Видин Град – Градско

806

Институтот за Археолошки истражувања – Скопје, со подршка на Министерството за култура, во рамки на годишната програмата проекти од национален интерес веќе четврта сезона врши археолошки истражувања на античкиот град кај село Водоврати, Градско. Овој малку познат антички центар идентификуван е со градот Аргос во Пајонија. Според најновите сознанија, градот постоел од самите почетоци до самиот крај на антиката.

Истражувањата е предводено од д-р Дамјан Донев со чија помош е разјаснета  хронологијата на оваа населба, нејзиниот обем, како и основните црти на нејзината топографија. Откриени се одбранбениот ѕид со главните градски порти, градското средиште со ранохристијанска базилика и неколку јавни градби со непозната намена, како и дел од градските некрополи. Со овогодишните ископувања, беше пронајден и дел од градска улица на западната, највисока тераса, што претставува драгоцен податок за просторниот план на населбата. За следната година е планирано продолжување на ископувањата и во соработка со Археолошкиот музеј во Скопје ќе бидат изведени геофизички снимања на делови од локалитетот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.