Богата програма на 59. издание на Фестивалот Охридско лето – Венеса Меј на отварањето

687

Британската музичка ѕвезда Ванеса Меј, ќе го отвори годинашново 59 издание на фестивалот Охридско лето, соопштија денеска на прес конференција од Дирекцијата. Меј нема посебни барања, поврзани со нејзиниот престој во Охрид, освен оние поврзани со нејзината безбедност. Музичарката и композиторка, која славата ја стекна со извонредните изведби на дела од различни жанрови на својата електрична виолина, ќе приреди незаборавна вечер, рече директорката на фестивалот Охридско лето.

Музичката програма на фестивалот, вклучува 34 концерти на кои ќе настапат уметници од земјава, регионот и од Европа, истакна селекторот.

Во драмската програма ќе бидат изведени 10 претстави. Соопштувајќи ги содржините преку видео бим, поради отсуство од земјава, селекторот на драмската програма, режисерот Ацо Поповски, рече дека сеуште се преговара за премиера на текстот  „ Црна дупка“, од Горан Стефановски, во рамките на фестивалот, со која ќе му се оддаде почит на нашиот починат голем драмски писател. Новина годинава е обезбедениот туристички водич за учесниците на „ Охридско лето“ и комплетно реновираната сцена на Долни Сарај. Фестивалот „ Охридско лето“ ја проширува програмата надвор од вообичаениот термин, па покрај 5- те концерти до сега одржани, ќе има уште два наесен, рекоа од Дирекцијата на фестивалот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.