“ДРУМ ДУМ ФЕСТ”: Награда за Животно дело за Гаро Тавитјан

149
(фото: фејсбук профил)
Скопје, 18 ноември 2021 
Пред десеттина години се создаде регионалниот фестивал “Друм Дум Фест” во Србија, и израсна во реномиран фестивал, а неодамна со награда за животно дело го награди големиот македонски музички уметник, тапанарот Гарабет Тавитјан, познатиот Гаро. Тие специјално допатуваа во Скопје да му ја врачат наградата на Гаро, за врвни постигнувања и поставување на темелите на ритамот и свирењето на тапани, во регионот и пошироко.
Тој има  безмалку 50 години активна, реална и неповторлива уметничка, концертна и дискографска кариера на Балканот.
“Друм Дум фест” е одржува во Лесковац, и е единствен фестивал на Балканот кој го промовира тапаните, ритамот и тапанарите.
Организатор на “Друм Дум Фест” е Здружението “Музичка комуникација” од Лесковац.
Гарабет Тавитјан (1953) е роден во Скопје, тој има ерменски потекло. Члена на легендарната рок група “Леб и сол” .
Рок, поп-рок, рок-џез, рок- етно и џез се негов фах. Во музика е активно од 1976 година, како музичар и автор. Настапувал и со “Тавитјан брадерс”, со своите синови Гаро и Диран, и со “Парамециум”.
Добитник е на високата државна награда за постигнувања во културата  “Свети Климент Охридски”.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.