Евровизиската приказна продолжува во Тел Авив -Евровизија 2019

1523
Евровизијата е најголемо светско музичко шоу
Отсекогаш Евровизијата е предизвик за пеачите, авторите, телевизиските куќи кои учествуваат, земјите и Евровизиските фановите. Тоа е Европско и светско музичко шоу кој го одбележува секој месец мај(секогаш меѓу 3-ти и 29-ти мај според статистиките на ЕБУ), веќе 64 години.
Издвоивме некоку интересни факти за Евровизијата:
-На првата Евровизија 1956 година победник беше Швајцарија. Учесниците на секоја земја морало да имаат две песни.
– Во 2015-та на 60-тото издание имаше рекорден број на учесници во финале-27
– Меѓу најуспешните победници на Евровизија несомнено е групата АББА –1974, кога Велика Британија им даде 0 поени. Познати имиња кои настапувале уште се  :Селин Дион,Клиф Ричард и Хулио Иглезиес.
Селин Дион победи за Швајцарија во 1988 година со песната – Ne partez pas sans moi
Србија како независна земја  2007-ма година победи со песната “Молитва“ и Марија Шерифовиќ.
– Русија не учествуваше во 2017  заради тоа што имаа проблем со претставничка  Yulia Samoylova  и  Украина.
– Португалија го држи рекордот во најмногу добиени поени (758) , за песната  “Amar Pelos Dois” во  2017
-Во 2009 Грузија требаше да учествува со песната  “We Don’t Wanna Put In” на натпреваот во Москва, но заради несоодветниот текст беа исфрлени од натпреварот.
– Во 1969 година четири земји биле победнички на Евровизија со ист број на гласови. Од таа година на сцена можат да бидат шест луѓе како придружба, а пред тоа до тројца.
-После победата на Украинската претставничка Руслана во 2004 година, таа стана  член на Украинскиот Парламент.
1968 година била годината на првата Евровизија во боја.
–Луксембург има досега 5 победи на Евровизија, ико нејзините претставници биле четворица од Франција а една (Вики Леандрос) од Грција.
–Најголем број на учесници имаше во 2008 година вкупно 43, 20111 и 2018.

-Најголем број на гледачи во 2017година имаше во Австралија.

 

Македонија прв пат како самостојна држава учествуваше во 1998 година, со песната “Не зори, зоро“ и Владо Јаневски во Лондон.

Најуспешни настапи и пласмани за Македонија оттогаш имале: Елена Ристевска 2006-та во Атина, Каролина Гочева  2007-ма во Хелсинки и Калиопи 2012-та во Баку.

 

Оваа година Македонија ќе ја претставува Тамара со нумерата”Proud”. Колку ќе успее да допре до музичката јавност на Европа и Австралија и до жиријата од сите Телевизиски европски центри учесници  на Евросонгот, останува да видиме и да го почекаме почетокот на Евровизија 2019-та во Тел Авив-Израел.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.