Фатумата Дијавара вечерва на „Оффест“- Преку музиката и актерството горда на своето африканско наследство

672

Африканската дива Фатумата Дијавара вечер во Македонската опера и балет ќе има концерт во рамки на 18. издание на „Оффест“.

На светската музичка  сцена се појави во  2011 година, со нејзиниот деби албум “Fatou”, а во последниве години стана една од водечките женски  вокали на новата африканска творечка генерација, но и актерка и активистка од Мали.

Вториот албум „Fenfo“ („Нешто да кажам“), ги исполни очекувањата на обожавателите, и претставува своевидна и нова збирка живописни и оригинални композиции, што се потпираат врз нејзините богати животни искуства. Храбро експериментален, но со длабока почит кон потеклото, ова е албум што ја дефинира како глас, младата африканска жена – горда на своето наследство, но со сопствена визија за иднината и универзална порака. Така ја најавуваат вечерашнава гостинка на ОФФ Фест.

Фатумата Дијавара има соработувано со некои од најзначајните имиња на современата музика: Херби Хенкок, Боби Вомек, Дејмон Албарн, Тумани Диабате, Уму Сангаре, Ди Ди Бриџвотер, Роберто Фонсека…

Таа работи и на својата паралелна кариера како актерка, вклучувајќи ја и извонредната улога во филмот „Тимбукту“ (2014), кој беше номиниран за БАФТА и Оскар.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.