Филмот “Le Milieu De L’ Horizon” на Филмскиот фестивал во Сан Себастиан

    869

     Филмот “Le Milieu De L’ Horizon” (“Позади хорозонтот”) во режија на Delphine Lehericey кој во голем дел се снимаше во Македонија е селектиран во програмата New Directors на престижниот San Sebastian International Film Festival. Овој Фестивал  е од А категорија, и еден од најважните филмски фестивали во светот. Филмот беше подржан од Агенцијата за филм на Македонија во делот за поврат на финансиски средства.

    Главните улоги ги толкуваат филмските ѕвезди Lаetitia Casta и Clémence Poésy, како и Luc Bruchez и Tibaut Evrard.

    Филмот е во продукција на Box Productions од Швајцарија и Entre Chien et Loup од Белгија, додека македонска поддршка беше продукцијата Кино око.

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.