Младиот повеќестран уметник Игор Станоевски, алијас Иги Ман сними нова песна за радио промоција, со најава со која го привлече вниманието, а го поврзува со своите семејни корени.
-Станува збор за наследена песна од татко ми за која напишав текст, а гостува вокалистот Бранислав Николов од “Фолтин”. Оваа песна е снимена во “Студио Алшар”. Тон Мајстор е Ивица Јанкуловски со кого ја делиме и продукцијата на песната. Се појавуваат Дарко Мучев Мучо на бас и Бодин Попов на тапани, додека гитарите ги свирам јас, во насока и стилот на татко со цел да го доловам неговиот тон, вели Игор.
Интересно е што песната датира од крајот на 70-тите или почетокот на 80- тите години и е дел од арсеналот на песни кои ги наследил од својот татко, познатиот музичар и новинар Петар Станоевски.
-Со неа сакам да го најавам претстојниот албум Unforgetable You посветен на татко ми. Албумот е завршен минатата година. Меѓутоа мислам дека му недостигаше песна на македонски јазик, покрај неколкуте теми на англиски јазик, како и инструменталните композициции кои доминираат на албумот, ја завршува својата информација за песната и албумот.
Петар или Перо– Пешак како што го знаеја во скопските музички кругови, беше новинар и уредник во дневниот весник “Вечер”, одличен музичар и извонреден гитарист, посветен на рокенролот и блузот. Дел од “Ловци на бисери”, со кои своевремено извадија и касета и остварија низа гостувања на Македонската телевизија.
Иги Ман сними песна, со која го најавува албумот во чест на својот незаборавен Татко
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени
со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски
текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски
содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се
цитира.