Интервју со Филип Петровски-музичар и писател- И загубата е придобивка ако знаеме да ја видиме нејзината порака

2085

Романот „Последната книга на планетата земја„ беше повод за рагзовор з аовој по мнгу нешта талентиран млад автор но и музичар ,Филип Петровски од Куманово

Не појдовме во Куманово з ада го направиме ама затоа современите комуникациски системи ни дозволија д аго пренесеме ова интервју кое за куларт.мк го направи Валентина Ѓорѓиевска-Парго.

Потпишувате две книжевно дела, досега, а интересно е што Вие сте дипломиран фаготист на ФМУ во Скопје. Како почна Вашата музичка и пред се и пишувачка приказна?

Музичката приказна ми започна по стапките на мојот татко кој исто така е музичар. Додека за пишаниот збор, во основното училиште почувствував дека листот можеби еден ден ќе ми е најдобар пријател и ќе ме “сослуша“  за секакви случки од животов. Поточно почуствував дека ќе имам приказна внатре во душата што ќе треба да ја споделам и со надворешниот свет.

-Зад себе го имате и своето прво книжевно дело, книгата „Светот во Световите“ во која се запишани ваши мудри, филозофски и психолошки мисли. Која е основата на Вашата филозофија, како на млад човек. Која е вашата главна водечка мисла, мото, мотив во животот?

Основата на мојата филозофија е многу едноставна. Чисто суштинско тело – душа полна со љубов и блаженост. А водечката мисла која ме држи до стекнатиот мир и блажената состојба е пред се да останам чист и искрен со самиот себе си, и покрај целото црнило на животот и лицемерните луѓе, да канализирам само љубов, премудрост во битисувањето, чесност во намерите и говоровот, и возљубение кон својата душа, а еден ден и кон душата на мојата партнерка.

Кога би издвоиле неколку најважни мудри мисли од она што сте го напишале во книгата, кои би биле тоа?

– И добриот и лошиот пат понекогаш нè носи кон вистинската цел. И загубата е придобивка ако знаеме да ја видиме нејзината порака

-Вистината е само една, нејзините верзии се бесконечни.

-И ќе умирам за љубовта се додека таа живее во мене

-Тој што не го жртвува своето ’јас’ – никогаш нема да добие повеќе од него.

Неодамна излезе и Вашиот втор роман, сајф-фај крими трилер „Последната книга на планетата Земја“. Како се создаде ова дело?

Новиот роман е еден вид на катарза на болка и љубов, како искусени состојби во душата од досегашниот живот. Последниве 3 години поминав низ одреден тежок период од животот кој ми нанесе безброј удари од секаков вид. И кога беше најтемно, белиот празен лист го видов како светлина, и заедно со пишаниот збор си помислив дека би можел да се преродам, расфрлувајќи ја тежината од душата врз празните листови, како една приказна – роман. Да споделам и една тајна, романот во втората половина колку и да е сајф фај крими трилер, всушност се тоа се точно одредени метафори кои се всушност проживеана вистина. Додека првата половина е осврт кон општеството и сите можни моменти од него.

-Со втората книга освоите еден вид награда, промоција, од порталот куларт. Во конкуренција со други дела беше избрана Вашата книга и промовирана во Скопје. Ви дава тоа поттик за понатака?

Голема благодарност до прекрасниот тим на куларт за изборот на кој се одлучија. Секако дека таа награда ми значи и ми дава потик и мотивација за понатаму

-Имате определено следното Ваше дело каква тематика и идеја ќе обработува?

Искрено во последниов период сум во мала дилема дали да започнам љубовна драма која ќе се базира врз вистински случки или пак да напишам продолжение на Последната книга на планетава земја. Мислам дека ќе се одлучам за љубовен роман, бидејќи пред се сум човек со голема романтична душа и многу љубов кон понежниот пол.

Филип Петровски е рецензент на неколку книжевни дела а се појавувате и како промотор на истите. Вели дека секогаш е искрен во рецензиите и се обидува да даде најпрофесионален приказ на делото. А за својата примарна професија -музиката овој период ја поврза со едукацијата на младите во Гимназијата во Куманово а зад него остана како неискажан ангажман во  Македонска опера и балет,

Дали кај Филип во иднина ќе преовладее фагото или перото останува да видиме.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.