Изложба на плакати ќе го најави Скопскиот џез фестивал 2021

231

На 18 октомври во 19 часот во МКЦ ќе се случи изложба на Скопскиот џез фестивал. Посебната инспирација за оваа изложба пристигна со новото ремек-дело на Славимир Стојановиќ Футро, плакатот за годинешното, јубилејно, 40. издание на Скопскиот џез фестивал. Изложбата содржи 24 избрани креативни решенија за плакат, без хронолошки редослед, според нас, најдобрите во долгата историја на фестивалот, објаснува организаторот.
Малку познат факт е дека Скопскиот џез фестивал е македонски бренд со убедливо најголем број значајни награди (преку четириесет) на светските маркетиншки фестивали (вклучувајќи и „Гран при“ на најпознатиот, во Кан). Визуелниот идентитет на Скопскиот џез фестивал му обезбеди препознатливост и исклучителен рејтинг во светот. Не само со плакатите, туку и со видео клиповите (анимираните или оние работени на филмска лента), со монографиите, програмските каталози и со календарите – единствени во светот од тој тип.
Благодарност до сите дизајнери и агенции (и оние што не се застапени на изложбата) со кои заедно ја градевме визуелната историја на фестивалот. И на кураторот на изложбата, Небојша Гелевски – Бане, стои напишано во најавата на настанот.
И покрај евидентните предизвици од секаква природа, програмата на јубилејното 40-то издание на Скопскиот џез фестивал го сочувува највисокиот интернационален карактер на фестивалот и традицијата да го нуди најдоброто од џезот и импровизираната музика. Што, повремено, изгледаше како невозможна мисија. И изискуваше особено напорна работа. Дванаесет изведувачки имиња од САД, Европа и Македонија ќе одржат концерти во живо во салата на Националната опера и балет и МКЦ. Со почитување на сите протоколи и безбедносни мерки пропишани за одржување на културни настани во затворен простор. Плус богата придружна програма: изложба на плакати, ексклузивни документарни филмови, промоција на нови ЦД изданија, доделување награди… Придружете се на одбележувањето на јубилејот. Останете во здрав дух со нас!, гласи пораката од организаторите

Програма :
20 Октомври 2021
НОБ 20 часот
۰ MATS GUSTAFSSON (Шведска)
۰ LINDA MAY HAN OH QUARTET (САД)

21 Октомври 2021
МКЦ Кино Фросина , 18 часот
۰ BLUE NOTE RECORDS: BEYOND THE NOTES (документарен филм)
НОБ, 20 часот
۰ TANIA GIANNOULI TRIO (Грција)
۰ JAKOB BRO QUARTET feat Mark Turner, Jorge Rossy and Thomas Morgan (Данска/ САД/ Шпанија)

22 Октомври 2021
НОБ, 20 часот
۰ YORDAN KOSTOV ENSEMBLE (Македонија )
۰ LISBON UNDERGROUND MUSIC ENSEMBLE – L.U.M.E. (Португалија )
МKC Dancing Hall, 24 часот
۰ MOOR MOTHER with Dudù Kouate & Mats Gustafsson (САД/Шведска )

23 Октомври 2021
МКЦ, Кино Фросина, 18 часот
۰ ARETHA FRANKLIN: AMAZING GRACE (документарен филм )
НОБ, 20 часот
۰ SHAKE STEW (Aвстрија )
۰ NU MUSIC 4 – Tribute to Don Cherry with Christer Bothén, Goran Kajfeš, Mats Gustafsson and Okay Temiz (Шведска/Турција )

24 Октомври 2021
МКЦ Кино Фросина, 16 часот
۰ Ново цеде и забава CD :
Yordan Kostov Ensemble / Svetlost + Odron Ritual Orchestra
۰ Наградување на најдобар македонски млад џез музичар и бесплатен концерт
۰ AJS QUARTET (Албаника) – бесплатен концерт
НОБ 20 часот
۰ ROBERTO FONSECA TRIO (Куба)

18 Октомври
МКЦ Галерија , 19 часот
۰ “Complicate simply” – изложба на постери на СЏФ
МКЦ Кино Фросина 20 часот
۰ ARETHA FRANKLIN: AMAZING GRACE (документарен филм) – премиера

Билети во продажба во НОБ, MКЦ и на mktickets.mk.
http://www.skopjejazzfest.com.mk/tickets.asp

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.