Изложба „Панаѓурите во градските и руралните средини во XIX и XX век во Османлиска Македонија“

467

Изложбата „Панаѓурите во градските и руралните средини во XIX и XX век во Османлиска Македонија“ е поставена во НУ Музеј на македонската борба за самостојност.

-Врз основа на литературата, сите достапни извори и теренските истражувања, изложбата дава визуелен приказ на историските аспекти на панаѓурите во градските и руралните средини во 19 и 20 век, дефинирајќи ја временската рамка на нивниот постанок, развој и функционирање, информираат од Музејот.

Автори на изложбата се Дарко Трпески и Владо Кузмановски, музејски водичи во НУ Музеј на македонската борба, а надворешни соработници се етнокореологот Тијана Јаневска и Ансамбл Македонија.

Изложбата е отворена за посетители од 20 јануари до 1 март, секој ден освен понеделник, од 10 до 18 часот, почитувајќи ги протоколите и мерките за заштита од Kовид.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.