Израелскиот филм „Синоними„ со Златна мечка во Берлин

666

Филмот “Синоними“ од израелскиот режисер Надав Лапид ја освои „Златната мечка“ за најдобар филм на 69-от Берлински филмски фестивал – Берлинале. Филмот на Лапид е приказна за млад Израелец, кој емигрира во Франција, тематизирајќи го актуелното прашањето за мигрантството.

Жирито предводено од француската актерка Жилиет Бинош му ја додели наградата „Сребрената мечка – Гран при“ на францускиот режисер Франсоа Озон за филмот “Сo милоста божја“. Сторијата на Озон, кој неколку пати досега учествуваше во натпреварувачката програма на Берлинале, говори за педофилските скандали во католичката црква.

Наградата „Сребрена мечка“ за посебен уметнички придонес, која се доделува во чест на Алфред Бауер, и беше доделена на германската авторка Нора Фингшајд за филмот ПРЕКРШИТЕЛИ (Systemsprenger / System Crasher), чија сторија се занимава со децата кои ги прекршуваат сите постоечки правила.

„Сребрената мечка“ за најдобра режија ѝ беше доделена на Ангела Шаленец за германско-српската копродукција БЕВ ДОМА, НО… Ванг Јингчун и Јонг Меи  ја добија „Сребрената мечка“ за најдобар актер и актерка за филмот ДО ВИДУВАЊЕ, МОЈ СИНЕ на кинескиот режисер Ванг Сиаошуан.

Зорица Нушева во „Господ постои, името и е Петрунија“Во главната конкуренција на Берлинале меѓу 17 филма беше и најновиот филм на Теона Стругар Митевска, “Господ постои,името и е Петрунија“.Филмот на Митевска се закити со две награди од независните жирија

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.