„Киненова 2019“ – Признание за посебен придонес на актерката Тања Бошковиќ

1361

Годинешното признание за посебен придонес во светската филмска уметност, кое го доделува филмскиот фестивал „Киненова“ оди кај една од најголемите дами на српското глумиште, Тања Бошковиќ. По добивањето на информацијата за ова признание, таа се огласи во јавноста со изјава во која потенцира дека и претставува  исклучителна чест, што е  годинашен добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност и што по тој повод ќе присуствувам на фестивалот „Киненова“ во Македонија.

Бев пријатно изненадена и возбудена кога ја примив веста. Оваа награда, секако многу ми значи, како и сите награди, но секогаш кога ќе добијам награда мислам дека не сум ја заслужила. Кога ќе добиете признание за особен придонес тоа честопати значи дека веќе сте ја завршиле вашата работа во кариерата, сте одиграле се она што е важно и сте се оствариле себе си. Со оглед на тоа што ние уметниците постојано имаме порив непрекинато да создаваме уметност, по малку ме загрижува една вака голема награда, но секако од друга страна, исклучително ми значи и претставува еден вид потврда на сето она што досега сум го работела, во целата моја досегашна кариера, изјави Тања Бошковиќ по повод добиеното признание.

Тања Бошковиќ е истакната филмска и театарска актерка уште во времето на
поранешна Југославија, а последните години е посветена на театарот, работејќи низа на театарски проекти низ цела Србија. Родена е во Белград. Дипломира 1973 година на Факултетот за драмски уметности во Белград, а првата главна улога ја одиграла во 1974 година во филмот „Кошава“. Истата година ја снима и серијата „Диви јагоди“. Секогаш се давала себеси на посебен начин и во улогите кои ги толкувала откинувала парче од својата толку уникатна индицидуалност.

Значајни улоги оствари во филмовите „Мајстори, мајстори“, Човек со четири нозе“, “Полицаец од Петлово брдо“, “Војна во живо“, “Окупација во 26 слики“, “Балкански правила“, “Те сакам најмногу на светот“ и “Петтата пеперуга“, а на публиката и е најпозната по улогата на пејачката филмот „Балкан Експрес“ и во улогата на Лола Голубовиќ во ТВ серијата „Среќни луѓе“.

Во седумдесеттите била голема ѕвезда во Театар на Теразије, а од 1986 година станува член на театарот Атеље 212.Тања Бошковиќ, денес е доајен на филмското глумиште, има преку четириесет години плодна театарска, телевизиска и филмска кариера. Умее да го носи репертоарот, како и своите години. Со лежерна насмевка вели дека веќе четири години е во пензија, иако е тешко да се поверува бидејќи игра со иста леснотија и уметничка убедливост.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.