Конкурс за прием на нови членови во Друштвото на писатели на Македонија

62

Од 1-ви до 15-ти  ноември е отворен конкурсот на Друштвото на писателите на Македонија за прием на нови членови. Зинтересираните кандидати треба да достават во ДПМ молба за прием потпишана своерачно, со адреса, мејл и телефон за контакт и согласност доколку бидат избрани – да уплатат членарина од 600 денари за наредната 2023 година.

Кандидатите треба да достават и био-библиографија со податоци за сите објавени книги досега, за наградите, признанијата и слично. Треба да имаат најмалку две објавени книги, две препораки од писатели – членови на ДПМ.

Препораките не смее да бидат од членовите на Претседателството на ДПМ бидејќи тие ќе одлучуваат за приемот на новите членови. Еден писател – член на ДПМ може да даде само една препорака, се правилата на Конкурсот.

Гласањето ќе биде тајно и секој што ќе освои мнозинство гласови (шест или повеќе од вкупно единаесетте членови на Претседателството на ДПМ) ќе биде примен за нов член на ДПМ. Документите се доставуваат во ДПМ во работните денови од 8-16 часот. Новите членови ќе бидат избрани на крајот од месец ноември и ќе бидат известени преку медиумите и социјалните мрежи.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.