Засјаи уште една светска круна на Тв водителката Ева Јовановска

213
“Светот на младите останува” и “Убавината ќе го спаси светот” не се случајно кажани изреки, тие и тоа како прикажуваат голема вистина, а деновиве овие изреки повторно може да се поврзат со ТВ водителката Ева Јовановска, која гордо понесе уште една светска титула.
Овој пат станува збор за изборот на “Мис Европа” кој неодамна се одржуваше во Бејрут, Либан и каде во 35 претставнички на своите земји, таа освои титула четврта придружничка.
-Имаше и дружба и шетање, а последниот ден и ревии и избор, ни раскажа 20 годишната убавица, членка на модното студио Црнокрак и Тв водителка на “Голден карпет”.
Круните се лепат за нејзината убавина со години наназад, кога зборуваме за тоа, а таа како дел од модното студио “Црнокрак” пред две години учествуваше и на изборот за убавина Miss Eurasia каде што освои титула Face of the future. Во Бејрут, исто така, на интернационалниот избор за женска убавина MISS TOURISM UNIVERSE 2022, има освоено дури две титули: Miss TEEN, како најдобра во конкуренција на девојки до 19 години, и титулата шеста придружничкa вкупно, во конкуренција на 30 учеснички, од исто толку држави од целиот свет.
Убавицата успешно се занимава и со балет, а долги години среќно газеше и на театарската сцена, и вели дека би сакала во иднина да продолжи со актерството онаму каде што застанала пред неколку години, секако со желба да се најде и во филм.
Убавина и талент, важи описот за неа, кон кој треба да надополниме дека и гитарата е нешто со кое има посебно место, има освоено прво место на државниот натпревар по гитара.
Ева Јовановска, е име и лик со иднина, сегашност и прекрасно минато на сите споменати полиња, од каде победа по победа ги искачува скалилата по кои ретко која девојка оди и сама со своите надарености се пробива секогаш до нов врв, каде сјајот на ѕвездата сѐ повеќе добива на вредност, а секој успех сѐ посладок вкус.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.