Крушево во подготовки за манифестацијата „Десет дена Крушевска Република и чествувањето на големиот празник „Илинден„

1250

На манифестацијата “Десет Дена Крушевска Република”, оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски, оваа година ќе ја има честа да ја интонира државната химна на свеченото отварање на оваа значајна манифестација, која традиционално ќе биде отворена на 1-ви август на месноста “Гумење” во Крушево.

Исто така негова е честа да ја интонира Македонската химна и на централната прослава на празникот “Илинден” на 2-ри август на “Мечкин Камен”.

Неуморниот оперски пејач ќе одржи и свој солистички концерт, како дел од концертната сезона “The Art of Power”, насловен “Во чест на Тоше Проески”.

Концертот  ќе се одржи на 5-ти август од 20 часот,  на летната сцена на музејот на НОБ во Крушево, во состав на Манифестацијата  “Десет Дена Крушевска Република”.

Сите настани ќе бидат во  пијано придружба на диригентот и пијанист Андреј Наунов.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.