Куларт филм на неделата- Кралот лав (The Lion King)

    2014

    Најновата продукција на Дизни и режисерот Џон Фавро – “Кралот Лав”, ќе не однесе на едно патување во Африканската савана каде се раѓа идниот цар.

    Симба го обожува својот татко, кралот Муфаса и од срце ја прифаќа неговата царска судбина. Но, не сите во царството го слават изгледот на малиот лав. Скар – братот на Муфаса и поранешен наследник на тронот, има други планови. Борбата за Лавовското земјиште е катастрофална, исполнета со предавства, трагедија и драма, што доведува до прогонство на Симба. Со помош на двајцата нови пријатели, Симба ќе порасне и ќе стане силен лав, за да успее да го врати она што му припаѓа.

    Премиерата во скопските кина е денеска 18.јули. Филмот е во редот на семејни анимирани филмови, полни со авантура и забава.

    Играат  Donald Glover, Chiwetel Ejiofor, Seth Rogen…….

     

     

     

    куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.