Француски институт – Летен регионален онлајн универзитет од 21 до 25 јуни

403

Годинава, Францускиот институт во Скопје организира Летен регионален онлајн универзитет во духот на традиционалниот универзитет во Струга, педагошка обука која повеќе од 20 години обединува професори по француски јазик од повеќе земји во регионот.

Овогодишното издание на универзитетот ќе се одржи онлајн, од понеделник 21 јуни до петок 25 јуни 2021 год., а во рамките на својата програма ќе понуди педагошки работилници наменети за професорите по и на француски јазик од земјава и од регионот Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Хрватска. Обучувачите се експерти од Франција и ќе анимираат работилници на актуелни тематики врзани за наставата на и по француски јазик во рамките на образовниот систем.

Настанот официјално ќе го отвори Г-динот Сирил БОМГАРТНЕР, Амбасадор на Франција, в понеделник, 21 јуни, во 10 часот, по што следува воведно предавање на г-дин Марсел Лебрен, доктор на науки и почесен професор на Факултетот за педагошки науки и педагошки советник при Универзитетот во Лувен, Франција, насловено „Обратни улоги за време на часовите, педагошки тренд или вовед во школо на иднината ?”.

Со цел збогатување на програмата, проширување на професионалните хоризонти и следење на актуелните случувања, предвидени се и следните активности: промоција на педагошки новитети од страна на претставници на француски издавачки куќи, промоција на дидактички материјал за Европската Унија за учениците кои го изучуваат францускиот јазик, презентација на проектот за рано изучување на францускиот јазик и емисија за еден од најголемите писатели во француската книжевност, Гистав Флобер, чија 200-годишнина од раѓањето се одбележува токму годинава.

Работен јазик на универзитетот е француски. Основнатата цел на оваа голема педагошка средба е да се зголеми визибилитетот на францускиот јазик, да се зајакне неговото место во образовните системи во земјите на присутните учесници, но и да се создаде вистинска кохезија и професионална размена на искуства меѓу професорите од Југоисточна Европа.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.