LICENTIA POETICA со Немања Драгаш- ..Ни една пустина не е мала…

991

Уредник на рубриката: Филип Димкоски

Немања Драгаш (1992) е српски книжевник и дипломиран драмски и аудиовизуелен уметник. Тој е еден од најнаградуваните поети од малдата генерација. Член е на Друштвото на писатели на Србија од својата дваесетта година. Автор е на поетските книги: Фантазија во сино (2008), Микрофонија на зрелоста (2010), Ветен семир (2014), Оковани со саати (2015), Избор од поезијата/ Gedichtauswahl(2016) и Морфиум (2018). Дневниот весник Политика го вброи во најуспешните млади уметници во Србија ѕа 2012 година. Лауреат е на 45 Фестивал на поеѕија од младите во Врбас и добитник е на приѕнанието „Тимочка лира“ од Радио Белград 2. За книгата „Ветуван семир“ ја доби нагрдата „Бранко Марчета“. Добитник е на книжевната награда „Спасое Пајо Благоевиќ“ за 2019.

 

ЏЕПНА ЕНЦИКЛОПЕДИЈА ПО ПСИХИЈАТРИЈА

(на клавирот од Доминик Шарпантје)

Се обложувам дека во различни градови купуваме мартовски лалиња

Хартијата сеедно е кафеава а прстите се лепат за ново ветување

Бескорисни зборови летаат околу нас, колку жалосно клише

Во време на болки, малку се две раце за едно тело

Притисни ги местата со прситете кои ги немаш, измисли прост гест

Не е како да водиш љубов со сенката, под абажурот

Нешто непресушно залепи со допир на вратот, тонот бледнее

Обвини се за процветот на снегот во хималјаскиот ветер

Запамти ме како невреме и загризи ме како туѓо

Кога еден на друг ќе му припаднеме на трет

И во таков збир, одземени од нас

Ќе поминеме низ станот, осудени

На близината од земениот потег

И двократна нежност

На минатото време.

 

НИ ЕДНА ПУСТИНА НЕ Е МАЛА

Но, секоја е тесна за двајца

Не умеам да ја спуштам плочата на твојот грамофон.

Не умеам да го насмеам ѕидот

На кој висам како наивна слика

Не умеам да пијам на буржуаски забави

Не умеам да бидам желба на врвовите од прсите

Не умеам да ги сакам мирисот на кафе и весниците

Не умеам да умеам во името на нечија љубов

Но, умеам да ги бројам часовите до крајот и назад

Додека гледам како спиеш и бескрајно љубиш

На планетата која повторно лошо се врти

Околу безброј погрешни разденувања

И околу само едно Сонце.

 

НЕ СУМ ОД ОНИЕ, ШТО НЕ СЕ ОД ОНИЕ

Моите светови, се множат, па се делат

на ружи, океани и астероиди.

Плачам додека пеам и кажувам додека молчам.

Ако не го разбираш тоа, оди на кратко

И врати се никогаш.

 Избор и препев од српски на македонски: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.