Licentia poetica со Ранија Ангелалуди – Секој живот без тебе од почеток ќе го одсонувам

796

Уредник на рубриката: Филип Димкоски 

Ранија Ангелалуди уште од мало дете  го дели своето време меѓу нејзините две сакани татковини Грција и Шведска. Во рамките на овие наизменични патувања се родија песните. Оттогаш, поезијата ѝ е важна професија и ја доведе до признанија и соработки во светот. Во моментов е амбасадор на мирот во Светскиот институт за мир во Грција и Шведска и член наздружението  меѓународните новинари на Fijet International.

 

КОГА ЗБОРУВАМ ЗА ТЕБЕ  

Зборувам за тебе како  за сребрена бура

а јас,пресушена  градина

со раце раширени ,бурата

ја очекувам!

Сонувам за миризливи  грмушки ,

за ретките кринови

тие кои твојот дожд

ги гушка и се шират ….

и растат!

Зборувам за тебе како слатко ежење

што ноќта го распостила

по светлите патеки на Зефирос .

Жешки милувања до мугрите….

Зборувам за тебе и крикнувам

за твојата љубов!

Полето и молњите го  истрелуваат твоето име

во воздухот.

Ова име

Оваа бура

Оваа ноќ.

Тоа милување што на голо тело

мојот живот го извезе

и јас станав твоја градина

скапоцен мој дожду!

 

УНИШТУВАЈЌИ ГО ВРЕМЕТО

Земјата ќе ја насликам пак…. и времето ќе го опијанам…

така  ќе ги  уништам моментите на твоето отсуство

на неплодните сезони … на деновите на сожалување,

на безличните месеци.

Ќе ги уништам моментите кога моите солзи

се  собираат!

Целиот живот без тебе,од почеток

Ќе го изградам!

Секоја ноќ без твојот одраз на Небото

Ќе ја врежам!

Во секоја сенка неуништива потреба от твојата сенка!

Гребнувањата на твоето срце во воздишките

на  сладоста!

Секој живот без тебе од почеток ќе го одсонувам

И таму ќе останам…

Кај што паѓа јасно твојот дожд…

Каде што твојот мирис од земјата

извира!

Каде што твоите слатки зборови  душата

ми ја смируваат!

Каде што твојата тридимензионална љубов се шири

Насекаде!

Повторно ќе ја насликам земјата зашто само со тебе

сакам да патувам во воздишките на ноќта,

и по улиците на твојата расфрлана добрина

да ме водиш заради ЖИВОТОТ што ти го посветив!

 

НА ПАТЕКИТЕ ОД КАЛИНКИ

 

Таму ќе те сретнам сладок животе

таму каде што ветрот ја дува својата нишка

таму каде што ткае свилени приказни

 

Таму каде што капките роса…ти го наквасуваат

умот

а фантазијата трча по патеките на

историјата

Обрасната со калинки !

Таму ќе те сретнам кај што Питија

предвиде!

И од нејзините  пророштва

се појави!

Сладок животе!

Нескротлив…непредвидлив!

Таму ќе те сретнам на плодната земја

На божицата Деметра,

сокот од калинката да го испиеме

и од плодовите на еуфоријата

да поделиме!

И сите специјалитети ќе ги вкусиме

на бескрајната маса на земјата!

Таму ќе се согласиме чашата

на Мирот

да ја наполниме,

душите да си ги  задоволиме

со дестилатот од овошјата

од оваа плодна благословена земја!

Таму ќе те опијанам сладок животе!

Нескротлив!

На обраснатите со калинки патеки!

 

Превод и препев од грчки на македонски јазик: Наташа Касовска

 

.

 

 

 

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.