LICENTIA POETICA со Власта Младеновиќ – Кога сите барем малку би замолчиле, можеби би разбрале…

784

Уредник на рубриката: Филип Димкоски

Власта Младеновиќ е српски писател и културен работник. Роден е во 1956 година во Неготин, Р. Србија. Има објавено над дваесет збирки поезија и има дадено значаен придонес во културното и литературното творештво на источна Србија. Добитник е на неколку значајни награди. Живее и работи во Неготин.

Пишува поезија, поетска проза и книжевни прикази. Тој е и антологичар и уредник во издавачката дејност на Народната библиотека „Доситеј Новаковиќ“ во Неготин, на списанието „Библиопис“.

Оснивач е на галеријата „Музеј на црна краина“ и „Творечки денови“ во Шаркамен и еден од иницијаторите на Краинскиот книжевен круг и Борските средби на балкански книжевници. Косопственик е на книжарницата и галерија „Астафир“ (1989-1994). Во периодот од 1995 до 1996 имал статус на слободен уметник. Во периодот од 2009 до 2010 година бил в.д. директор на Народната библиотека „Доситеј Обрадовиќ“ во Неготин. Заедно со МАринко Арсиќ Ивков го уредува книжевниот блог на Здужението „Писатели без адреса“. Од 1989 година е член на Здружението на писатели на Србија, а од 2016 година член на Српското книжевно друштво.

Добитник е на Златна значка на Културно-просветната заедница на Србија за долгогодишен придонес за развивање на културната дејност, за несебична, долготрајна и посветена работа (2016).

 

КОГА СИТЕ МАЛКУ БИ ЗАМОЛЧИЛЕ

А кога сите малку би замолчиле,

макар за миг,

тогаш би го слушнале Бога,

јавувањето негово искрено.

 

Кога сите малку би замолчиле,

можеби би разбрале

што говори сјајот во окото,

во тишината би го слушнале

срцето свое како жуботи.

 

Кога сите барем малку би замолчиле.

 

СТАРЕЦОТ ВО ШУМАТА

Сретнав старец  побелен

како седи на трупец,

на работ на старата шума

чита стара пожолтена книга.

Во шумата има ѕверови,

но јас не гледам грижа,

на неговото лице,

мирно, спокојно

врти страница по страница.

 

Нека помага Бог старче,

му посакав добар ден.

Бог да ти помага-синко

  • Читаш, има ли нешто ново?
  • Ништо. Кога ќе прочитам се

се враќам на почетокот.

  • А која книга ја читаш?

љубопитно прашав.

  • Библијата

 

Препев од српски на македонски: Филип Димкоски

 

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.