LICENTIA POETICA со Зоран Крстиќ -На луѓето не можеш да им веруваш, му објанси на сонцето што изгреваше

783

Уредник на рубриката: Филип Димкоски

Зоран Крстиќ е роден во 1963 во Загреб. Студирал политикологија. Живее во Крапинска топлица, работи како возач. Со песни и кратки раскази повеќекратно е застапен во зборници, книжевни списанија и списанија за деца. Добитник е на наградата на подгоричката книжарница „Карвер“ на конкурсот „Вранец“ за краток расказ во 2015 година. Ја објавил збирката кратки приказни „Одраз испразне стварности“ и збирката песни „Вочњак на овали тјескобе“.

 

AВТЕНТИЧЕН ПОЕТ

 

им прочита

голем број песни

но беше

здрвен и пијан

оти само така можеше

да го прифати тоа.

 

на некои места

сите

малку се насмеаја

а воопшто

сите го фалеа.

 

Побрза да си отиде дома

поголемиот дел од песните ги исфрли

а останатите ги преработи.

 

на луѓето

не можеш да им веруваш

му објасни

на сонцето што изгреваше.

 

 

ОД КРАЈОТ КОН ПОЧЕТОКОТ

 

Низ сите тие пусти зборови

Броеви и времиња

низ пронајдоците

што ни го олесниај животот

и ни навлекоа болести

мрѕоволие

досада

незадоволство

низ грозна самотија

наметнато поимање на стварноста

пробива

потисната чувствителност.

 

Птиците што ме будат

ја кршат мојата дремка

а соседите инсекти

ја оросиле травата со глаголи

под грбот ми пулсира камче

очите веќе ја дишат

длабочината на зората

сонцето ја ивототвори

својата нема поезија.

 

жената ги простира косите во водата

со браздење на песочните брегови

и секој гледа дека сум глув

ме зашемети громогласната тишина

топотот на чаот

и движењето на сенките

од стеблата.

Препев од хрватски на македонски јазик: Филип Димкоски

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.