Македонската опера и балет со концертна изведба на „Кавалерија рустикана“

399

На 12.2.2021 (петок) во салонот на Националната опера и балет ќе се одржи операта „Кавалерија рустикана“ Пјетро Маскaњи, со концертна изведба, почеток во 20 часот.

„Кавалерија рустикана“ е опера во еден чин,  трагичната приказна за љубовниот  триаголник, за традицијата која се испречува помеѓу страста и љубовта, омразата и одмаздата. Со оркестарот диригира  Иван Еминовиќ

Настапуваа солистите: Весна Ѓиновска Илкова, Ѓорѓи Цуцковски, Борис Трајанов, Катерина Стојановска, Соња Пендовска Мадевска, хорот и Оркестарот на Националната опера и балет.

Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.

Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.

Билетите се во строго ограничен број!

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.