Македонскиот филм “Господ постои името и е Петрунија“ гордо чекори на светските фестивалски сцени

741

На штотуку завршениот Филмски фестивал во Херцег Нови во Црна Гора, “Господ постои името му е Петрунија” ја доби главната наградата „Златна мимоза“ за најдобар филм.

Петтчленото жири, составено од Дуња Клеменц, продуцент од Словенија, Винко Брешан, режисер од Хрватска, македонскиот актер Никола Ристановски, Јелена Мишељич, продуцент од Црна Гора и режисерот Никола Ључа доделувајќи ја наградата во своето образложение рекоа: ” За политичко провокативната модерна бајка, која одекнува, боли и засмејува

Ова е 10-та награда на Петрунија на фестивалите низ светот, а во месец август тој ќе биде застапен на седум фестивали ширум светот, затворајќи го месецот со прoекција на  31 Август на големиот Венецијански филмски фестивал во селекцијата Денови на Авторите, каде влезе како дел од трите финалисти за престижната награда Лукс.
Другите фестивали за месец Август се Мелбурн филмскиот фестивал во Aвстралија, Интернационалниот Филмски фестивал Исток и Запад во Русија Во Јужна Кореа, Петрунија ќе биде филм на отварање на Seoul International Woman’s Film festival ,  на филмскиот фестивал во Полска,  како и на Сараевскиот филмски Фестивал .
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.