MOБ- „Мајски концерти“ и гала оперски концерт „Волшебниот Моцарт“

423

Месецот мај за Македонската  опера и балет е од особено значење, месец во кој се одржува меѓународниот фестивал „Мајски оперски вечери“. За жал и оваа година поради пандемијата нема да биде одржан  меѓутоа во чест на „Мајските оперски вечери“ и негово одбележување, ќе биде одржан серијал на концерти со наслов „Мајски концерти“.

Настаните ќе бидат емитувани онлајн на официјалниот Јутјуб канал на МОБ а дел од нив и на ТВ 24, како и со надеж дел од настаните да се одржат со присуство на публика, согласно препораките на комисијата за заразни болести.

Прв во серијалот од „Мајските концерти“ Националната опера и балет  го најавува гала оперскиот концерт „Волшебниот Моцарт“  кој ќе биде емитуван на 9.5.2021г.  со почеток во 20 часот, на официјалниот Јутјуб канал.

 

Концертот е по повод 230 години од смртта на музичкиот великан Волфганг Амадеус Моцарт, еден од најгенијалните композитори во историјата на класичната музиката. Неговиот опус е грандиозен и безвремен, со огромно влијание врз музичкото творештво на многумина знаменити композитори по него во минатото и денес.

На гала оперскиот концерт ќе бидат изведени арии од делата „Дон Џовани“, „Волшебната флејта“ и „Свадбата на Фигаро“ и „Грабнување од сарајот“.

Диригенти се Бисера Чадловска и Иван Еминовиќ.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.