Мода, од и за природата

944
moda

Се почесто го сретуваме зборот органско во секојдневниот живот. Мислам дека малку по малку почнуваме да се освестуваме што си правиме себеси и на планетата земја па затоа бараме начини како да го промениме тоа и започнавме да употребуваме органска храна за да си го заштитиме телото, но и оваа една планета која ја имаме. Но што се случува со облеката? Кожата е најголемиот орган на човекот. Преку неа во организмот влегуваат најразлични видови на хемикалии и други влијаниа. Иако првичната функција и е заштитна сепак неможе секогаш целосно да се избори со сите влијанија. Тука доаѓа на сцена органска облека. Што всушност значи тоа?

Органската облека e облека произведена од матерјали кои се растени органски според стандардите за органска агрокултура. Органската облека може да биде составена од памук, јута, свила, реми и волна. Облеката не мора да биде 100% органска за да ја добие етикетата за органска облека.
Органскиот текстил се произведува во некои субтропски земји како Турција, Кина и некои делови на САД од природни не генетски модифицирани растенија кои се растат на природен начин без додавање на било какви хемикалии. Од 2007ма година до денес секоја година производството на органски памук се зголемува за 50% годишно.

moda Се повеќе расте потребата за органски производи затоа што стануваме свесни за негативното влијание кое го имаме од хемикалиите кои се користат за одгледување на обичниот памук и другите текстилни матријали. За жал тие хемикалие не исчезнуваат и не само што ја уништуваат почвата која после неколку години одгледување станува целосно неплодна без можност за регенерација, се загадува воздухот, живиот свет, водите и тоа само од одгледувањето, но си го загадуваме и телото кое во денешното време е научено на сите негативни влијанија но сепак наша должност е да го заштитиме и со тоа си помагаме себеси. Органската облека е подобра и поздрава за нас, за планетата, за оние кои ја произведуваат затоа пробајте барем едно парче органска облека нема да зажалите.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.