Норвешките археолози открија викиншки брод стар 20 века, скриен во морето

701

Во тек на ноември Норвешките археолози пронајдоа закопан ретко долг брод во  средновековно археолошко наоѓалиште југоисточно од Осло, Ѓелестад. Ова е прво вакво ископување во Норвешка последниве 100 години, пишуваат тамошните медиумите во земјата.

Поголемиот дел од бродот е изгниен низ вековите, но археологот д-р Кнут Пасха од Норвешкиот институт за истражување на културното наследство, верува дека распоредот на железни клинци сепак ќе овозможи изработка на реплика. Бродот бил долг околу 19 метри и широк пет метри, што го сместува на исто ниво со добро сочуваните викиншки бродови „Осеберг“ и „Гокштад“ кои се изложени во норвешкиот главен град Осло. Овие бродови биле пронајдени на западната страна на широкиот фјорд Осло.

Овој воени брод пронајден во Ѓелестад потекнува од времето меѓу 750 и 850 година, кога Викинзите  обично пловеле кон британските острови, па го напаѓале и колонизирале крајбрежјето, за што сведочат археолошките остатоци, како и нордиските зборови и имиња на Островот денес. Нордиските Викинзи исто така стигнале и на Исланд, Гренланд, па и Њу Фаундленд и во Северна Америка.

Истражувачот д-р Кнут Пасха, вели дека првичните сознанија говорат дека е многу поразличен од другите бродови, а „тоа е навистина возбудливо“, како што нагласи археологот. Се претпоставува оти во него, можеби бил закопан крал.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.