Оливера Доцевска промовира нова книга „Per Aspera Ad Astra

106
Во Друштвото на писатели на Македонија, во Скопје, на 9 мај 2023 година, во 12 часот, ќе биде промовирана новата поетска збирка на авторката Оливера Доцевска „Per Aspera Ad Astra” (позната латинска изрека која се преведува во слободен превод како “Преку трње до ѕвездите” н.з.). Книгата е во издание на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) од Скопје.
На настанот за поезијата на Доцевска ќе зборува м-р Ирена Јурчева.
Авторката Оливера Доцевска е родена во Куманово, Република Македонија. Дипломирала и магистрирала на Правниот факултет во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, а во Скопје положува и правосуден испит и работи како адвокат од 2008 до 2020 година.
Оливера Доцевска денес работи и живее во Белград, Република Србија.
Од 2012 година член е на Друштво на писатели на Македонија, а од 2014 до 2018 година е претседател на Статутарна комисија на ДПМ, воедно и член на Собраниски одбор на ДПМ.
Нејзиното книжевно творештво опфаќа повеќе дела поезија и проза, меѓу другото 8 стихозбирки, 3 приредени антологии, како и проза колумни, есеи, преводи, а преведена е на повеќе јазици и добитник на неколку награди за поезија.
Таа е почитувана и препознаена и како борец за човекови права и праведност.
куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.