Отворено јубилејното 40-то издание на најголемата манифестација за деца – Мал битолски монмартр

515

Вчеравечер во Старата битолска чаршија, беше отворено јубилејното 40-то издание на Малиот битолски Mонмартр. Ова е второ издание на оваа манифестација која се одвива во ковид услови. Оваа година сите настани ќе се одвиваат на отворено. Денеска во паркот ќе бидат поставени штафелаи на кои секој граѓанин ќе може да наслика нешто, а утре во чаршијата.

Малиот битолски монмартр за сите овие 40 години стана амбасадор на Битола, но и на Македонија секаде во светот. За жал, идејниот творец на Малиот битолски монмартр, Коста Хаџи Антоновски за малку не го дочека ова јубилејно издание. 38 години мали уметници од целиот свет доаѓаа твореа низ битолските улици. Бидејќи не можеа да дојдат, децата и нивните ментори од повеќе земји испратија видео пораки. Малите уметници недостигаат во градот, но надежта останува дека од наредната година, пријателите од цел свет повторно ќе дојдат да творат во Битола.

Сепак оваа година имаат гости, иако мал број. Претставникот на добитниците на “Гран при“, „School 1955“ од Москва, Русија, лично ја прими наградата, како и наградените деца од ателјето „Артино“ од Белград, Србија заедно со нивната менторка. Наградата за најдобра колекција „Златна четка” отпатува за Јапонија, а ја прими амбасадорот на Јапонија во Македонија, Савада Хиронори. Почесната награда “Коста Хаџи Антоновски“ за долгогодишно учество, соработка и придонес  ја доби Теодолинда Паскоал од “Теоартис“, од градот Евора, Португалија, со кои Студиото има долгогодишна соработка.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.