Петта недела на италијанска кујна во светот од 23-29 ноември 2020

489

Петтата  Недела на италијанската кујна во светот организирана од ИТА-Оддел за економска соработка при Амбасадата на Република Италија, со цел промоцијата на италијанската кујна, храна и вино, специјалитетите типични за италијанските региони, како и промоција на италијанскиот начин на живот, ќе се одржи од 23-29 ноември 2020.

Традиционално, секоја година, Неделата на италијанска кујна, вклучува различни настани како дегустации на италијанска храна и вино, промоција на нови италијански брендови, гала вечери, промоции во супермаркетите кои продаваат италијански производи со награди за купувачите и слично.

Оваа година, поради пандемијата, организаторот направи комуникација со македонските љубители на италијанската кујни која ќе биде само онлајн.

За таа цел, на нашиот  Портал куларт.мк ќе објавуваме по два рецепти  и фотографии на италијанска здрава храна, подготвени од најреномираната академија за кулинарство во Италија АЛМА , а истите може да ги следите на следниот линк (https://www.alma.scuolacucina.it/).

Како вовед во овој настан го објавуваме поздравот од Андреа Синигаља , Генерален Директор на АЛМА насловен како :

Двестe години од раѓањето на Пелегрино Артузи

 

Што се двесте години? Едно мало ништо, како што би рекол Артузи со неговиот карактеристичен сарказам, гордо и цврсто затемелен во традицијата на неговата кујна која е веќе толку италијанска, а сѐ уште не е италијанска.

Но, што би рекол Артузи ако се прикрадеше вечерва, како непоканет но добредојден гостин, на еден од нашите настани организирани во негова чест, каде што модерната кујна се инспирира од неговиот дух и му се обраќа, понекогаш го испревртува, но секогаш  го памети и повторно го открива?

Какви сличности би пронашол, што би прифатил, а што би го шокирало?

Очигледно никогаш нема да го дознаеме одговорот, но денес, гледајќи ги рецептите што ја создадоа историјата на нашата кујна, можеме да се обидеме да ја разбереме суштината на генијот на Артуси.

Син на трговец, патник заради потреба по стапките на татка си  кој бил вљубеник во кујната, никогаш не станал професионалец во таа област. Оттука неговата иронија која напати се граничи со горчина, но најчесто се манифестира како префиннет хумор, кој ги претвора во пријатно четиво неговите прецизни, но никогаш строги зборови.

Во неговата гастрономска литература, Артузи нè фасцинира и ни го предава вистинскиот метод на италијанска кујна што не може да се кристализира низ рецепти, што не може да се ограничи низ шеми, бидејќи е создадена од ненаситно истражување на места, нешта, традиции кои умеат да говорат.

Делото на Пелегрино Артуси е значајно бидејќи нѐ учи дека треба да се истражува, запишува и пренесува. Ова учење е двигател на неговото присуство на сцената на кулинарската интелигенција откако во 1891 беше објавено првото издание на „Науката во кујната и уметноста на убавото јадење“. Резултат?

Кулинарството на Италија или на нејзини делови, се пренесува како збирка, а не како шема. Збирка на разновидни ремек дела длабоко вкоренети во поднебјето со богато минато и носители на сопствена приказна, на која Артузи вешто се повикува.

Ова е италијанскиот темел кој го постави Артузи и затоа, неговото дело, објавено во бројни изданија, денес се чини како да ги сплотува сите свои бројни наследници.

Не станува збор само за рецепти, во кои, како и во музичките партитури, е напишано сè  освен неопходното, колку што се работи за стремежот да се биде уникатен во една огромна колекција во кое секој ја изразува својата припадност на италијанската кујна, токму истакнувајќи ги локалните карактеристики.

Уживајте со прекрасните вкусови на италијанските рецепти !

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.