Почна неделата на италијанска кујна во светот – Предлог за три вкусни јадења

623

Изберете барем еден да подготвите и уживајте во италијанските специфични вкусови:

ДЕНЕШЕН ПРЕДЛОГ БРОЈ 1

Asparagi e uova – Аспарагус и јајца

Состојки за 4 лица:

4 китки аспарагус

Малсиново масло ладно цедено

Оцет од бело вино

4 јајца

Сол

Бибер

За кремата од пармезан:

40 мл течна павлака

80 гр Parmigiano Reggiano

Сол

Бибер

Постапка:

На аспарагусот му се отсекуваат врвовите, а долниот дел се лупи и се сече закосено на помали парчиња. Во тава се става да зоврие вода со масло и неколку капки оцет и во неа се вари аспарагусот.

За пошираните јајца, во тенџере се загрева вода во која сме додале сол и неколку капки оцет, сѐ додека не почне да врие. Јајцето се крши и истура внимателно во водата, која треба околу него да се заврти како вртлог, со помош на маталка. Така јајцето се готви околу 5 минути.

Крема од пармезан: во мало тенџерче се стваат течната павлака и изренданиот пармезан, се додава сол и бибер по желба. На многу тивок оган се загрева додека пармезанот не се стопи и целата смеса да стане хомоген крем.

Послужување: На дното од чинијата се става кремата од пармезан, врз неа се става јајцето и околу него аспарагусот.

ВТОР РЕЦЕПТ

Crema tiepida di zucca e grano saraceno- Топла крема од тиква и хељда

Состојки за кремата од тиква:

250 гр тиква

125 гр компири

50 гр праз

100 гр моркови

50 гр карфиол

50 гр ладно цедено маслиново масло

25 гр суво бело вино

150 гр кокосово млеко

150 гр вода

1 гр куркума

7 гр сол

 

Состојки за бисквитите од хељда:

100 гр хељда

200 гр вода

2 гр сол

50 гр масло

 

Подготовка

Во тава се пропржува зеленчукот со маслиновото масло, се посолува и се додава белото вино. Кога виното ќе испари, се додава вода да го покрие зеленчукот, се додава сол и куркума. Кoга зеленчукот е доволно сварен се додаваат останатото масло и кокосовото млеко и се мати со блендер.

За бисквитите се става хељдата во ладна посолена вода и се вари 20 минути. 1/3 од добиената смеса се мати со блендер и се развлекува во тенка кора со помош на два листа хартија за печење. Кога ќе се излади кората се сечат форми за бисквити и се запечуваат во тава со масло и мајчина душица.

Се пропржуваат во тава листови од зелка, праз и тиква, за декорација.

Позслужување: на дното од чинијата се става кремата од тиква. Врз неа се додаваат бисквитите од хељда и пропржениот зеленчук.

ТРЕТ РЕЦЕПТ ЗА ДЕНЕСКА 

Lenticchie al vino rosso e levistico –Леќа во црно вино и селен со супа од печени компири и вербена

 Состојки

200 гр леќа

1 шише црвено вино

400 гр компири

90 мл вода со мирис на тартуф

4 гр вербена , 30 гр селен, 150 гр ѓумбир

Постапка

 Илзупените компири се сечат на резанки од половина цм и се запечуваат во тава. Штом се готови се ставаат во високо тенџере полно со ладна вода и мраз и се ставаат на оган. Откако ќе зоврие водата, се остава да се вари уште 20/30 минути, а потоа добиената супа се поминува низ цедалка.

На супата ѝ се додава вербената и водата од  тартуф, се остава да отстои покриено со проѕирна фолија и потоа повторно се процедуа.

Леќата се мие со ладна вода, се става на оган во високо тенџере заедно со водата и виното и се остава да се вари уште 20 минути откако ќе почне да врие. Потоа се процедува леќата и се исфрла целата вода.

Леќата се пропржува во тава со малку црвено вино и сок од ѓумбир, се додава сол. Тавата се трга од оган и се додава малку ладно цедено маслиново масло.

Леќата се послужува со неколку капки блендиран селен а во псоебен сад се сервира супата од печен компир.

 

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.