Под мототото „Пристаниште на различности“-Риека почна да ja одбележува титулата, Европска престолнина на културата

563

Со антифашистички слогани и со изведба на песната „Бела чао“, Риека синоќа почна да го одбележува својот статус на Европска престолнина на културата за 2020.

Повеќе од 70 настани се одржаа на 30 локации низ градот, а централната прослава беше во градското пристаниште, во која, покрај стотици уметници, учество зедоа и илјадници граѓани.

„Риека го презеде статусот на Европска престолнина на културата во исто време кога Хрватска стана претседавач на Европската Унија и досега не се случило овие два важни улоги да се совпаднат во една држава“, изјави министерката за култура Нина Обуљен-Коржинек.

Градот доби 40 милиони евра од Европската Унија за одбележување на својот годинашен статус, но место да гради нови згради, главно вложи во старото. Во музеј е претворен и стариот воен и товарен брод „Галеб“, кој своевремено му припаѓал на Тито.

 

Покрај Ријека Европска пресолнина за култура е и градот Голвеј во Ирска а титулата ја преземаат од италијанскиот град Матера и бугарскиот Пловдив кои во 2019-та ја славеа културата на Европа.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.