После 30 години „демократија“ сеуште децата противзаконско се злоупотребуваат во изборна политичка кампања

685

Децата сеуште и после 30 години „демократија“ и 28 години од ратификување на  Декларација за заштита на децата од злоупотреба во политички кампањи, во Република Македонија а две години пред тоа беше донесена во Обединети нации и на овие Избори децата и грижата околу нив е злоупотребувана од некои политички партии, а тоа се оние најгласните кои сеуште се колнат дека на потомствата ќе им донесат светла иднина.

Иако, со изборен законик се забранува злоупотребата на децата во предизборни кампањи, се уште има случаи кои потврдуваат повредувања на правата на децата. По приситгната информација за манипулација на деца во политичка кампања, Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“  уште минатата недела апелираше до политичките партии да внимаваат на правата на децата. Тие не се ниту инструмент, ниту декор во политичка партија. Оттаму потсетуваат дека  никој досега не ги консултирал децата кога требало да се донесат одлуки кои се однесуваат на нив.

Во самиот Изборен законик има став од членот 76, кој забранува учество на деца во политички кампањи, но сепак и покрај тоа, досега ниту една партија не е казнета за непочитување на оваа забрана. Најверојатно тука треба да се бара причината за непочитување на забраната за злоупотреба на децата во политички кампањи.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.