Почетна ЖИВОТ Хортикултура Одледувате растенија? Мора да препознавате што му се случува на вашето растение...

Одледувате растенија? Мора да препознавате што му се случува на вашето растение за да биде тоа успешно

Дали сте знаеле дека појавата на кафени листови кај вашето растение и нивно овенување, не секогаш е предизвикано од недостаток на вода?

Напротив, ова е многу почеста појава од прекумерно наводнување.
Прочитајте во продолжение како да препознаете што се случува со вашето раастение и како правилно да му помогнете.
НАВОДНУВАЊЕ

Премногу вода

ЗнациОвенати жолти или кафени листови, меки листови. Темно кафени и меки корени. Мокра земја.

Решение: Оставете земјата да се исуши пред повторно да го полевате растението. Полевајте со помала количина на вода. Доколку е возможно пресадете го.
Премалку вода

Знаци: Суви кафени листови, листови кои паѓаат. Сува и тврда земја

Решение: Полевајте го растението почесто и ако е возможно ставете го во влажна средина. Пред повторно да заживее, тргнете го од директна сончева светлина.
 

 

СВЕТЛИНА

Премногу сончева светлина

Знаци: Избледени листови со темно жолтеникава боја, суви крцкави листови

Решение: Преместете го на сенка, на локација каде има поголема влажност. Наводнувајте го и отстранете ги сувите делови.
Недоволно сончева светлина

Знаци: Мали, бледи листови, слаби и жолтеникави во долниот дел на растението. Слаб раст со тенки стебла

Решение: Преместете го на посончева локација, држете ги прозорците отворени, доколку растението е во внатрешна просторија, и ставете му мали стакленца на земјата кои ќе одбиваат светлина.
 

ШТЕТНИЦИ

Знаци: Деформирани листови, дупки во листовите, свиткани листови, бели линии…

Решение: Дел од штетниците може да бидат отстранети со раствор од течен сапун. Доколку не успеете прашајте во билните аптеки за појако средство.
ИСХРАНА

Дефицит на исхрана

Знаци: Жолти листови и слаби стебла, кафени и болни рабови на листовите

Решение: Пресадете го растението во нова земја во поглема саксија каде корените би имале повеќе место за растење. Прихранувајте најмалку еднаш до два пати месечно во текот на целото лето, а во текот на зимата не треба да се прихрануваат бидејки најголемиот број на растенија се во фаза на мирување.

metropolis-big