Проект за мониторирање на степен на спроведување на изборни ветувања – “До зголемена инклузија”

79

Mодернизирани училишта со лифтови за пристап на лица со попреченост за секое училиште и зголемување на можностите за нивно активно вклучување во општеството- е едно од изборните ветувања на градоначалникот на Општина Аеродром, со цел подобрување на условите на младите во делот нa образование, рекреација и забава.
Во рамките  на проектот на Владата на Швајцарија „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија„, имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС), Здружението за значење на еколошкото образование за осовременување на образовниот процес ЗЕОООП Скопје ја реализира иницијативата за мониторирање и дисеминација “До зголемена инклузија“.  Целта на овие активности е мониторирање на степенот на спроведување на изборните ветувања на локално ниво.

Во период од пет месеци, здружението ЗЕОООП, ќе го мониторира ова изборно ветување, каде преку серија активности ќе се следи дали и во колкава мера Градоначалникот го исполнува своето изборно ветување, но и да послужи како мерка за негово потсетување  во  исполнување на дадените ветувања, кои ќе ја подобрат состојбата во училиштата во таргетираната општината Аеродром.

Повикот и реализацијата на активноста се дел од проектот на Владата на Швајцарија „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија„ имплементиран од Меѓународната фондација за изборни системи (МФИС).

Во текот на реализација на  оваа иницијатива, јавноста во општина Аеродром ќе биде запозната и континуирано информирана за текот на исполнување на ова предизборно ветување, кое беше зададено во програмата за работа на градоначалникот Тимчо Муцунски, преку средствата за јавно информирање, социјалните медиуми и презентациите.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.