Промоција на Толковниот речник на македонски јазик во Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“

532

Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје денеска организира чествување по повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик и 100 години од раѓањето на Блаже Конески. На Ќчествувањето ќе  биде промовирано електронското издание на Толковниот речник на македонскиот јазик кое е дело на 21 автор.

Електронското издание на Толковниот речник ќе може бесплатно да го користат сите граѓани и сите проучувачи и почитувачи на македонскиот јазик. Ова е подарок од Владата на Република Македонија, од Министерството за образование и наука, од авторите и од Институтот за македонски јазик до граѓаните.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.