Почетна КУЛТУРА Опера и балет Сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ на МОБ, во октомври пред сараевската публика

Сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ на МОБ, во октомври пред сараевската публика

Во сараевскиот „Дом на млади“ беше одржана прес конференција за медиумите на која беше најавен музичко сценскиот спектакл „Кармина Бурана“ од Карл Орф, како гостување на Македонската опера и балет од  Македонија, која ќе се одржи на 18 октомври 2019 година во „Мирза Делибашиќ“ во Скендерија.

На прес конференцијата присуствуваа организаторите на Фондацијата за култура и образование „Амадеус“,  маестро Емир Нухановиќ и директорот на Македонската опера и балет од Скопје, м-р Васо Ристов.

Најавено беше музичко-сценски спектакл со „Кармина Бурана“ на Карл Орф во кој ќе настапат повеќе од 200 уметници, оркестар, балет, оперски и балетски солисти од Македонија, БиХ, Турција, Португалија, Русија и Србија. За реализација на овој проект учествува  врвна уметничка екипа како што се Миодраг Табачки од Србија, Кан Арслан и Гизем Бетил од Турција, Елена Дончева и Дејан Прошев од Македонија.

Покрај гостите ќе настапат и уметници од БиХ, детски хор  под диригентската палка на маестро Емир Нухановиќ.

metropolis-big