“Секоја калдрма со своја приказна“ – литературно-музички хепенинг во рамки на Звуци на чаршијата

361

Во четврток (16.09)  на Плоштадот на Скендер Бег со почеток во 16 часот ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Секоја калдрма со своја приказна “.

Настанот ќе биде од два дела. Во првиот дел сценаристот и водител на настанот Татјана Гогоска, заедно со авторот Васко Марковски ќе ги претстават двете негови книги “Урбани легенди“ и “Непозната Македонија“ И двете книги кријат во себе огромен творечки и истражувачки потенцијал кој е убаво објаснат во рецензиите на книгите напишани од единствените Данило Коцевски (“Урбани легенди“) и Томислав Османли ( “Непозната Македонија“).

Потоа настанот ќе продолжи со музика, која од сите страни на светот ќе ни ја донесат Бона Деа -дуо-трио млади музичари и покрај другите звуци ќе ги донесат прекрасните мелодии на „Кога Вардар ќе дотече“, „Момчето со мандолина“, “Скрши ме“, Очи черње, Љубовни рани …

Инаку Бона Деа може да ги видите во дуо или три варијанта секогаш насмеани и расположени за соработка. Така и на 16-ти во 16 часот нивните звуци ќе можете да ги слушнете на влезот на нашата единствена Стара Скопска Чаршија, вековниот паметник и местото кое отсекогаш Скопје го поврзува со светот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.