„Скопје цвета“ – Викенд посветен на цвеќето

665

Скопскиот цветен фестивал го слави цвеќето, зеленилото, природата и другарувањето на отворено.

„Скопје цвета“ е мотото на овогодинешниот фестивал, кој ќе се одржи под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈП Паркови и зеленило – Скопје. Повелете заедно да уживаме во убавината на цветните бои, декорации и разновидната музичка програма.

Почетокот на фестивалот ќе се означи со Цветно дефиле, кое ќе започне пред Собрание на Град Скопје (паркинг просторот) во Градскиот парк со учество на деца од детските градинки и основните училишта.

На Шестиот Скопски цветен фестивал ќе учествуваат фирми – изложувачи, познати цвеќарници и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, чиј домен е екологијата и животната средина.

Оваа градска манифестација е дружба помеѓу сите љубители на цвеќето и природата, професионалци во таа област, уметници, танцувачи, деца и ученици кои ќе имаат можност да ја изразат својата креативност, да другаруваат и да поминат еден незаборавен викенд на сите вљубеници во цвеќето, природата и креативноста.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.