Статии без илустрација (Wikipedia Pages Wanting Photos), е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации

766

Статии без илустрација или на англиски јазик: Wikipedia Pages Wanting Photos (WPWP), е кампања на меѓународно ниво за вметнување на илустрации во википедиските статии на кои им недостигаат. Идејата е да се искористат фотографиите и останатите илустрации, кои веќе постојат на т.н. Ризница,и да се вметнат во соодветните статии на Википедија.

На Википедија на македонски јазик, организатори на оваа кампања се здруженијата на граѓани „ГЛАМ Македонија“ и „Споделено знаење“.

Илустрација-сомбреро

Кампањата трае од 1 јули од 31 август 2020 година и има награден фонд од 1.000 евра (1 награда – ваучер од вредност од 12 илјади денари и 8 награди – ваучери од вредност од 6 илјади денари).

Дополнително, може да се освои и една од меѓународните награди бидејќи учесникот паралелно учествува на домашната и меѓународната кампања. Наградниот фонд на меѓународната кампања е:прва награда 500 долари (САД);втора награда 400 долари;  трета награда 300 долари. Како дополнителни награди се: награда за учесник кој поставил најголем број звучни илустрации во статии – 200 долари; награда за учесник кој поставил најголем број на видео илустрации во статии – 200 долари; награда за учесник кој е нов на Википедија и поставил најголем број на илустрации во статии – 200 долари.

На кампањата може да учествува секој сè додека има направено сметка (профил) на Википедија. Учесникот за да влезе во кругот на добитниците треба да закачи најмалку 100 слики.

Во прилог е  Страница за кампањата , која претставува и прирачник како се учествува.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.