сабота 20 април, 2024

Светска премиера на македонскиот филм „Врба“ од Манчевски на Римскиот филмски фестивал

1373

Новиот филм на  македонскиот режисер Милчо Манчевски, „Врба“, ќе има светска премиера на 19 октомври на 14. Филмски фестивал во Рим (17-27 октомври).

 

Рим е најмладиот меѓу елитните пет-шест фестивали во светот кој е фестивал без награди.Но, на Фестивалот во Рим ќе  бидат присутни  и Бил Мареј и Вајола Дејвис, кои ќе добијат награда за животно дело, како и  Јапонецот Хироказу Коре-еда и Французите Бертран Таверние и Оливје Асајас.

Сцена од „Врба“Многу наскоро по светската, ќе се случи и македонската премиера на „Врба“, а ќе игра и во киносалите низ земјава. ПОвторно тројна приказна во содржината на филмот на Манчевски.Тоа е приказна за три млади мајки. Една приказна се случува во средниот век, а другите две се современи и тие се надополнуваат, отсликуваат, а во исто време се контраст една на друга. Љубовните приказни, во кои главната тема е лојалност и односот на општеството кон поединецот и на поединецот кон општетството имаат среќен крај“, откри денеска Манчевски за филмот што се снимаше минатата годин  од октомври до декември.

Главните улоги ги играат младите актери Никола Ристески, Сара Климоска, Наталија Теодосиева и Ненад Нацев. Во филмот играат и Камка Тоциновски, Петар Мирчевски, Благој Чоревски, Ратка Радмановиќ, Ана Костовска, Лазе Манасковски, Катина Иванова, Кире Ѓоревски, Адем Карага, Јелена Јованова-Периќ и други.

Директор на фотографијата е Унгарецот Тамаш Добош, дизајнер на продукцијата е долгогодишниот соработник на Манчевски, Британецот Дејвид Манс, костимите се на Жаклина Крстевска и Унгарката Ѓерѓи Сакач а асистент на режија е Никола Ивановиќ од Србија. И сето тоа под режисерската палка на нај нагрудуваниот македонски режисер Милчо Манчевски.

 

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
.td-container, .tdc-row { width: 1095px }