„ТЕТОВСКИОТ ГОВОР“ од Дарко Гавровски со промоција во месец мај во Белград

560

По покана на Македонците кои живеат во Белград, ќе се одржи промоција на книгата „Тетовскиот говор-енциклопедиски речник и граматика на тетовскиот градски говор со етнолошки и историски осврти“ од авторот Дарко Гавроски која во јануари излезе од печат. Авторот ова негова дело ќе го претстави на 26 мај во Клубот на писателите во главниот град на соседна Србија.

На 26 мај (среда) од 19:00 часот во култниот Клуб на писатели во Белград кој бил збиралиште на врвни писатели, глумци од поранешна Југославија ќе одржам промоција на мојата книга. Поканата и организацијата е на Здружението на Македонци во Белград „Македониум, информира авторот Гавровски. Делото од 647 страници содржи речиси 9200 зборови кои се објаснети од и етимолошки, етнолошки, граматички и историски аспект.

Ова е втора книга на Гавровски за Тетово. Првата е издадена во 2009 година и наречена „Тетовски древности-Полог од Праисторијата до 7.век н.е., со посебен осврт на тетовскиот крај“. Тој е автор и на песната„Ја го љубим Тетоо“ на тетовски дијалект, што се смета за неформална химна на градот.

куларт.мкСодржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.